Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Депонијата во Кочани се отвора за отпадот од соседните општини, мештаните барат прво да почне да се гради регионалната депонија

Комуналниот отпад од Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, повторно ќе се депонира на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комуналниот отпад од Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, повторно ќе се депонира на градската депонија во Кочани.  Дополнително Владата, финансиски ќе помага за нејзиното одржување, дециден е министерот за животна средина Изет Меџити. Според него ова е единствено решение на проблемот кој се провлекува повеќе од еден месец.  

„Финансиски обврските ќе ги преземе владата, а тие пак ќе се вратат на депонијата….Проблемот беше финансиски бидејќи Општина Кочани не можеше да се носи со тоа и ние одлучивме да им излеземе во пресрет и да се реши овој проблем„ изјави министерот за животна средина Изет Меџити.

Но, за еко активистите од Кочани, ваквото решение може повторно да ги реактивира протестите. Категотирични се дека комуналните возила со отпад на соседните општини ќе ги пуштаат , но откако ќе се започне со градба на регионалната депонија во светиниколско Мечкуевци, а дотогаш порачаа, отпадот  секој да си го третира во својот „двор„.

Реклама

На 18 октомври беше распишан тендерот за изградба на регионалната депонија кај светиниколско Мечкуевци, која треба да биде готова за две и пол години.

„Веќе работиме интензивно со проектот на Европската банка за развој. Кредитот е преземен од Министерството за животна средина, кој е во вредост од 5 5милиони евра за регионалните депонии„ изјави Изет Меџити.

Со пари од Европската банка за обнова и развој е предвидено   во држвата да се изградат четири регионални депонии, а во депонија кај светиниколско Мечкуевци, ќе се преработува отпадот од 18 општини од источниот и североисточниот регион.

Александра Ристевска