Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Денеска три астрономски спектакли – затемнување на Сонцето, метеорски дожд и порамнување на планетите, ќе бидат видливи и од Македонија

Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно.

Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно.

Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија.

Реклама

Многу други места на северната хемисфера ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од северозападна Африка, соопшти Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА).

Од многу земји долж западниот дел од патеката на помрачувањето, во континентална Европа и Африка, Сонцето ќе зајде додека е сè уште делумно помрачено, што ќе изгледа како Сонцето да исчезнува од хоризонтот за време на помрачувањето.

НАСА најави дека ќе го пренесува целосното помрачување на Сонцето во живо на https://www.nasa.gov/live.

Иако Македонија нема да биде на патот на целосно затемнување на Сонцето, сепак, ќе може делумо да се види. Помрачувањето ќе биде видливо од Скопје околу 19:29 часот, макисмумот ќе биде во 19:36, а ќе заврши во 19:39 часот. Ќе се случува непосредно пред зајдисонце, кога Сонцето е ниско над западниот хоризонт.

Астрономите предупредуваат дека затемнувањето на Сонцето не треба да се гледа директно без заштита, бидејќи може да ги оштети очите. Не треба да користат обични очила за сонце, двоглед или фотоапарат без соодветен соларен филтер.

Помрачувањето на Сонцето е најголемиот, но не и единствениот астрономски спектакл што нè очекува денеска.

Во исто време ќе има и метеорски дожд. Персеидите, спектакуларен метеорски дожд, ќе се случи ноќта помеѓу 12 и 13 август, а под идеални услови, можно е да се видат со голо око до 100 „ѕвезди што паѓаат“.

Но, ни тоа не е сè, бидејќи денеска нè очекува уште еден небесен феномен – порамнувањето на планетите од Сончевиот систем, овој пат шест.

На крајот на август, пак, се очекува уште еден природен феномен – затемнување на Месечината.