Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Денеска протестни собири во Скопје и Неготино во чест на Фросина

Во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест на местото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест на местото каде што загина 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин.

Исто така граѓаните на Неготино денеска ќе одржат мирен собир во чест на 22-годишната Фросина Кулакова, која завчера трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје.

Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино и е организиран од граѓани кои, покрај тоа што ќе ѝ оддадат почит на Фросина, ќе испратат и силна порака – „Доста е!“. Тие бараат ригорозни мерки против несовесните возачи, поголема безбедност на улиците и крај на неказнивоста за сообраќајните прекршители.

Реклама

Граѓаните, револтирани од трагедијата и судската пракса, преку социјалните мрежи повикаа на собирање пред пекарницата „Силбо“, барајќи правда и построги санкции за несовесните возачи.