Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

📷 Денеска од Скопје започнува 16-та Илинденска одисеја кон Крушево на коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“

Денеска од 17 часот пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје започнува маршот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска од 17 часот пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје започнува маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“. Традиционалниот хепенинг ќе се оддржи во паркот во Ѓорче Петров во 18.30 часот, каде со пригодни обраќања за подршка на современите Илинденци ќе настапат организаторите, пратеници и градоначалници. Предвидена е и соодветна музичка програма и настап на македонски фолклорни друштва, пејачи и ди-џеи.

Маршот на коњаницата се одвива традиционално по 16-ти пат, прв пат се одржа 2010 година како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ ја сочинуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, „Илинден“ с. Радово-Струмица, „Костурска чета“ – Битола, коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Штип.

Реклама

2025 година по 16-ти пат коњаниците тргаат за Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2025 година во рамките на свечeностите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.

Зошто го носат името на коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ ?

Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ. Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје.

По иницијатива на тогашниот игумен на манастирот, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак (добар техничар) со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и заедно со Никола и Секула, во придружба на милицијата од Галичник ги пренеле преку Бистра до определеното место над с.Душегубица-Кичевско. Со тие две топчиња вечерта пред Илинден како што стои во историските списи, бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.

Како некогаш, така и сега по молитвата и заклетва за верност кон македонското дело пред камата и револверот благословени, коњаниците од Бигорски Манастир ќе тргнат кон Крушево по патот на црешовото топче, пат кој го означува стремежот на македонскиот народ за своја татковина.

Со поаѓањето за Крушево, коњаниците не` присетуваат на нашите славни Илинденци, на монашкото братство и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание.

Коњаницата според планот треба  од 31 јули до 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да  учествуваат на централната прослава во славното Крушево.

Коњичкиот марш 2025 г. е посветен на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ КОИ ЛЕЖАТ невини во македонски затвори. Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ Бара слобода за Уставобранителите!

На коњаниците нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево – Мечкин Камен!