Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и најдобри вина и ракии

Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и најдобри вина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и најдобри вина и ракии произведени во домашни услови. Како што информираа од локалната самоуправа, овие и многу други настани, се организираат во рамки на традиционалната манифестација „Недела на традицијата – Свети Трифун 2026“ година.

На програмата за одбележување на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, се и традиционалната велосипедска винска тура, базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети.

– Годинава, неделата на традицијата ја започнуваме со одмерување на вештините во закројување винова лоза, помеѓу искусни кројачи, во лозов насад во Демир Капија. На агендата се театарска претстава, читање проза и поезија и доделување признанија на учесници на литературен конкурс, изложба и доделување признанија на учесници на ликовен конкурс, ликовна изложба на тема вино и лозарство, музичка програма. Централниот настан ќе биде на 14 февруари, на денот што се смета за заштитник на лозарите и винарите, ќе имаме свечено закројување на винова лоза, појаснија од Општината.

Реклама

Оттаму информираа и за датумите што треба да ги испочитуваат сите заинтересирани за учество во натпреварите што ги организираат во рамки на манифестацијата. Притоа повикаа, навремено да се пријават и сите заинтересирани за обезбедување штандови на градскиот плоштад во Демир Капија, за продажба на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети.