Во дел од објавените прилози кои се однесуваат на новинарско прашање поврзано со новиот Закон за забрана на пушење, а во контекст на изјавата за медиуми дадена за време на лансирањето на Националната стратегија за МСП 2025–2030 година, би сакале да побараме корекција (демант) на објавената информација.
Имено, во одредени медиумски објави е наведено дека „40 нови пазарни инспектори ќе контролираат…“, што претставува погрешно пренесена и протолкувана изјава на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Сакаме да укажеме дека Министерот ја посочи вкупната бројка од 40 инспектори, која се однесува на двата инспектората – Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, кои повеќе од една година функционираат како органи во состав на Министерството за економија и труд.

Поради тоа, ве замолуваме за корекција на наведената информација, со цел јавноста да не биде доведена во заблуда.
