Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Демант од Анита Салтировска за изнесените лаги и манипулации: СДСМ се служи со клевети

„Ниту фирмата Салтировски консалтинг вршела рекет, ниту водела фиктивно сметководство за фирмите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ниту фирмата Салтировски консалтинг вршела рекет, ниту водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Сопственичката на оваа компанија Анита Салтировска остро ги отфрла тврдењата на опозициската СДСМ дека наводно преку оваа фирма биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и дискотеката „Пулс“ која се запали на 16-ти март.

За наводен рекет за кој СДСМ зборува, тоа е тотална лага, вели Анита Салтировска, сопственик и управител на „Салтировски Консалтинг“.   

Што се однесува до информациите дека оваа фирма е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Салтировска вели, дека тука нема ништо за криење, бидејќи тоа биле јавно достапни информации.

Реклама

Иако сопругот на Салтировска, Дејан Салтировски, по пожарот во Кочани беше разрешен од позицијата началник на СВР, СДСМ обвинува дека владејачката партија го штитела бидејќи бил донатор. Неговата сопруга вели дека има пријава и против него.

Има поднесок против мојот сопруг, треба да бидеме трпеливи и времето да покаже, дали мојот сопруг има вина или можеби ќе се докаже неговата невиност. По однос на трансакциите на мојата фирма, со кочански фирми, тоа лесно можам да го докажам, претпоставувам тоа веќе го имаат во Обвинителството, бидејќи за се има трансакции, докази, и тие се достапни, додава Салтировска.

СДСМ и денеска реагираше дека немало да дозволат да се сокрие вистината. Обвинуваат за директна врска меѓу трагедијата во „Пулс“ и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“?, реагира Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секогаш кога СДСМ е во опозиција, во недостаток на реална понуда кон гласачите, злоупотребува човечки трагедии за политички цели.

Кога дојдоа на власт, не само што не открија некоја нова вистина за ниту еден случај, туку и за трагедиите кои им се случија во тек на мандат секогаш за виновен наоѓаа кабел, кочници или некој друг предмет од домаќинството или механиката. Имено, Венко Филипче наместо да одговара за 14 загинати во Тетовската модуларна болница, жртвуваше двајца директори, кои патем негодувале со Филипче кога се отворала болницата. Да потсетиме дека Филипче бил тој кој ја правел техничката спецификација која била противзаконска и немала минимум технички услови. Филипче беше тој што потпишуваше анекси исто така противзаконски, за да добие 20% повеќе пари. И за ова, никој во нивното време не одговараше, туку виновен беше кабелот, вели портпаролот Валентин Манасиевски.

Инаку, истрагата која ја води Обвинителството за организиран криминал, опфаќа над 20 полициски службеници и началници од Кочани и Штип.