Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Делегација на Вооружените сили на Унгарија во официјална посета на Армијата на Македонија

Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, е во дводневна официјална посета на Армијата на Македонија.

Од Генералштабот на Армијата информираат дека генералот Беренди, по денешниот пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главни теми на средбата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата, соработка помеѓу специјалните сили, како и капацитетите на АП „Криволак“.