Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Делегација од Уставниот суд во посета на Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа во Стразбур, Франција

Делегација од Уставниот суд ги посетила Европскиот суд за човекови права и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Уставниот суд ги посетила Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа. За време на посетата членовите на делегацијата се запознале со работењето на овие клучни европски институции, присуствувале на рочишта и презентации и оствариле средби со судии и правни експерти.

Како што информираат од прес-службата на Уставниот суд, делегацијата присуствувала на рочиште во Големиот совет на Судот по предметот Tergek v. Türkiye (бр. 39631/20) и се запознала со работните методи и процедурите на Судот.

Во текот на посетата членовите на делегацијата учествувале во обуки за работењето на Судот, се запознале со базата на податоци HUDOC и платформата за размена на знаења, како и со процедурите за администрација и менаџмент на случаи. Исто така, се запознале со активностите на Одделот за извршување пресуди.

Реклама

Делегацијата го посетила и Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што беа презентирани програмата HELP и работата на Канцеларијата на комесарот за човекови права.

За време на сите активности членовите активно учествувале на состаноци и презентации, ги анализирале процедурите и механизмите за заштита на човековите права и добиле практични насоки за унапредување на работата на Уставниот суд.

Посетата била оценета како исклучително продуктивна, со значајна размена на знаења и искуства и со јасна перспектива за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд, Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа. Оваа посета ја организира делегацијата на Европската Унија преку проектот за владеење на правото и јакнење на капацитетите, финансиран од ИПА 3-програмата.

Делегацијата на Судот била предводена од генералната секретарка Виолета Ѓорѓиевска, шефицата на кабинетот на претседателката, Љубица Гаџовска, советниците Татјана Јањиќ-Тодорова, Александар Лазов, Јасмина Симоновска, Марина Пеливанова-Димовска, Христина Беловска и Лариса Милевска, како и експертите ангажирани на проектот, тим-лидерот Карстен Манке, Мартин Сопронов и Виктор Гратакос. Посетата во Стразбур се реализира во периодот од 3 до 7 март 2026 година.