Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Делегација на секцијата на Собранието во ПС на франкофонијата ги посети билингвалните паралелки на француски јазик во средното училиште „Васил Антевски Дрен“

Делегација на секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на франкофонијата вчера ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на франкофонијата вчера ги посети билингвалните паралелки на француски јазик во средното училиште „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, по повод месецот на Франкофонијата, соопшти денеска собраниската прес-служба. 

Во делегацијата беа пратениците Иванка Василевска, претседател на Секцијата, Саранда Имери Стафаи и Драгана Бојковска, членови на Секцијата.

Во придружба на делегацијата беше градоначалничката на Општината Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, Кристоф ле Риголер, амбасадор на Франција, како и Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје.

Реклама

Мешовитата делегација се сретна со директорот на средното училиште, наставниците во билингвалните паралелки на француски јазик и присуствуваше на училишна презентација на учениците, каде пратениците имаа можност директно да им се обратат на учесниците кои го изучуваат францускиот јазик и да им дадат поддршка.

Целта на посетата беше да се разменат мислења и искуства во однос на работата на билингвалните паралелки, како и да се охрабрат учениците да го изучуваат францускиот јазик како и другите европски јазици со што ќе имаат подобро меѓукултурно разбирање. Пратениците испратија пораки дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и збогатување на културното наследство на европскиот континент, се наведува во соопштението.