Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Делегација од Општина Крива Паланка на манифестацијата „59 Сокачко село“ во Хрватска

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, на покана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, на покана на неговиот колега, градоначалник на Жупања, Хрватска, оствари дводневна официјална посета на овој збратимен град по повод одржувањето на реномираната културна манифестација „59 Сокачко село“.

Настанот се одржува по повод покладните празнувања во Жупања, едни од најзначајните културни настани во регионот, вистински празник на фолклорот, традицијата и народниот дух.

-Во рамки на посетата, делегацијата оствари официјален прием во кабинетот на градоначалникот на Жупања, при што беа разменети мислења за унапредување на идната меѓуопштинска соработка, со акцент на културата, туризмот и искористување на заедничките потенцијали и ресурси. Односите меѓу Крива Паланка и Жупања се долгорочно негувани, искрени и цврсти, темелени на взаемна почит, отворен дијалог и заеднички европски вредности. Личното пријателство и конструктивната соработка меѓу двајцата градоначалници претставуваат силен мост на доверба што ги поврзува двете локални заедници, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Реклама

Оттаму посочија дека за време на престојот кривопаланечката делегација имала можност одблизу да се запознае со богатата традиција и автентичниот дух на Жупања, преку подготовката на нивниот препознатлив традиционален доручек, во амбиент што на впечатлив начин ја отсликува локалната култура, историја и гостопримство на домаќините.

-Посетата уште еднаш ја потврди заложбата на Општина Крива Паланка за градење и унапредување на пријателствата, затоа што вистинските партнерства се создаваат преку културата, почитта и заедничките визии за иднината, нагласија од општинските служби.

На „59 Сокачко село“ македонскиот фолклор и традиција достојно ги претстави КУЗ „Карпош“ од Крива Паланка, а на истата манифестација свој перформанс имал и нашиот легендарен музичар, Влатко Стефановски.