Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Делегација на ЗНАМ положи цвеќе за 83 години од стрелањето на ваташките младинци

По повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ. Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ.

Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе носеа идеја за слобода и припадност кон сопствениот народ.

Ваташките младинци не се само дел од историјата, туку живо сведоштво за цената што ја плаќале генерации Македонци во борбата за слобода, правда и сопствено национално достоинство. Нивната жртва останува над секоја дневна политика и претставува трајно потсетување дека слободата не се добива лесно, туку се извојува со големи жртви, болка и човечки животи.

Реклама

Во време на нови политички притисоци и обиди за поинакво толкување или разводнување на историските факти, Македонија има обврска да остане доследна и обединета во одбраната на својот идентитет, својата историја и достоинството на својот народ.

Движењето ЗНАМ останува цврсто посветено на негувањето на историската вистина и на почитта кон жртвата на македонскиот народ, со јасна порака дека ваквите трагедии никогаш не смеат да бидат заборавени.