Делегација од Кралството Холандија, предводена од Хелен Бакер, заменик-министерка за надворешни работи на Холандија и генерална директорка за европска соработка при холандското МНР, денеска ќе го посети македонското Собрание.
Како -што информираат од собраниската прес-служба, холандската делегација ќе оствари средба со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.

