Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Делчево со поголем буџет за социјална заштита во 2026 година

Општина Делчево во 2026 година ќе располага со зголемен буџет за реализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево во 2026 година ќе располага со зголемен буџет за реализација на Програмата за социјална заштита, со што ќе се овозможи проширување на мерките и воведување нови форми на поддршка за ранливите категории граѓани.

За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година предвидени се вкупно 13.689.339 денари. Од нив, 10.832.339 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Делчево, додека 2.857.000 денари ќе се обезбедат преку Министерството за социјална политика, демографија и млади и други институции.

Како што информираат од општината, целта на програмата е спречување и надминување на социјалните ризици со кои се соочуваат ранливите категории граѓани, преку унапредување на постојните и воведување нови социјални мерки.

Реклама

Во 2026 година како што додадоа ќе продолжи реализацијата на веќе воспоставените мерки, меѓу кои помош за социјално ранливи лица и семејства, поддршка за граѓани погодени од елементарни непогоди, помош за невработени лица кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, грижа за стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и деца, како и развој на нови социјални услуги.

-Новина во Програмата се три нови мерки, наменети за категории граѓани кои досега немале основ за остварување права од оваа програма. Станува збор за еднократна парична помош за еднородителски семејства во износ од 10.000 денари, еднократна парична помош за лекување на онколошки пациенти во ист износ, како и еднократна парична помош од 20.000 денари за рехабилитација на ученици со мускулна дистрофија, информираа од Општината.

Постапката за доделување на паричната помош е уредена со Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување еднократна парична помош.

Со овие мерки, Општина Делчево, како што посочуваат надлежните, ја зајакнува социјалната сигурност и ја потврдува посветеноста кон подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани.