Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Делчево со нови иницијативи за дијаспората: Се отвораат можности за инвестиции во туризмот, IT-секторот и поддршка на локалната заедница

Со серија конкретни предлози од областа на урбанизмот, дигиталната економија, туризмот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со серија конкретни предлози од областа на урбанизмот, дигиталната економија, туризмот и заштитата на заедницата, заврши првиот Форум на дијаспората во организација на Општина Делчево, каде на иста маса седнаа претставниците на локалната власт, бизнис-секторот, активистите и македонските иселеници од повеќе европски земји.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање ја истакна заложбата за долгорочно партнерство со дијаспората, потсетувајќи и на неодамнешното збратимување со четири општини од Италија каде што живеат и работат бројни делчевци. Тој ги повика иселениците да инвестираат со своето знаење, контакти и капитал во идниот развој на градот.

На средбата беа детално образложени можностите за купување атрактивно градежно земјиште во централното градско подрачје и во индустриските зони, при што од Општината ги разјаснија законските рокови од две години за добивање градежна дозвола и пет години за завршување на објектите. Паралелно, беше истакнат забрзаниот развој на апартманскиот туризам, при што локалната самоуправа ги повика сите сопственици на куќи и станови кои ги издаваат да извршат брза и поедноставена категоризација преку општинската комисија за објекти до 20 легла. Сите регистрирани капацитети ќе бидат мапирани на интернет-пребарувачите за поголема видливост кај туристите.

Реклама

-Како еден од клучните столбови за спречување на миграцијата и обезбедување кадар беше посочена дигитализацијата и IT-секторот. На предлог на бизнис-заедницата, Општината прифати иницијатива за проширување на постојниот младински хаб (Youth Hub), кој досега обучи над 200 млади лица со поддршка на Амбасадата на САД. Новиот план предвидува обезбедување современа опрема и брз интернет достапен 24/7, со цел младите да работат за странски компании од Делчево, а се разгледува и можноста напуштените подрачни училишта во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче да се пренаменат во соодветни деловни и IT-простории, истакна Гоцевски.

Локалните власти презентираа и посебен документ со итни потреби за заштита на заедницата, адресиран до дијаспората и странските партнери, во кој се бара поддршка за набавка на заштитна опрема за справување со шумски пожари, теренски пикап-возила и приклучна механизација за чистење снег. Во делот на здравството, со поддршка од Министерството за здравство наскоро како што беше кажано на средбата ќе се распише тендер за важен медицински апарат за Здравствениот дом во Делчево, додека за соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ веќе е активна посебна донаторска сметка.

Во рамки на форумот се обрати и Марјанчо Маџовски, претседател на македонско друштво од Швајцарија кое обединува над 150 фамилии од делчевскиот крај. Маџовски ја потврди подготвеноста за продолжување на хуманитарните и техничките донации за градот, најавувајќи одбележување на 30-годишниот јубилеј на нивното друштво следната година и организирање средби меѓу швајцарски и македонски општински делегации.

Форумот заврши со заклучок за воспоставување редовни дигитални канали за комуникација, отворање простор за јавно-приватни партнерства и организирање поединечни деловни средби со сите заинтересирани инвеститори.