Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Делчево ја продлабочува соработката со четири општини од Италија

Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино деновиве престојуваат во Делчево, во рамки на возвратната посета со која се продлабочува соработката меѓу македонската општина и трите италијански партнери.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска оствари средба со градоначалникот на Новело, Марко Паларо, градоначалникот на Родино, Марко Андријано, како и со делегацијата од Монфорте д’Алба, предводена од Лука Роси.

На средбата беше нагласено значењето на меѓуопштинската соработка, особено во областите на економскиот развој, туризмот, културната размена и руралниот развој.

Реклама

Гоцевски истакна дека е во тек процесот на официјализирање на збратимувањето со трите италијански општини преку потпишување меморандуми за соработка.

– Збратимувањето создава нови можности за економски развој, туризам и рурален развој, ги зајакнува врските на иселениците со родниот крај и отвора простор за инвестиции, како и за пренесување искуства и знаења. Особено ми е драго што нашите пријатели од Италија се во Делчево токму во деновите кога се одржуваат „Голачките фолклорни средби“, настан кој претставува можност за поврзување на луѓето, размена на култури и создавање трајни пријателства, изјави Гоцевски.

Во рамки на посетата, гостите од Италија ќе ги посетат повеќе знаменитости во Делчево и историското Разловци, а ќе присуствуваат и на концертните вечери и програмата на 31. издание на „Голачките фолклорни средби“.

За утре е закажана свечена седница на Советот на Општина Делчево, посветена на воспоставената соработка со општини од Република Италија. Советниците треба да донесат одлука за збратимување на Делчево и со италијанската општина Рикалдоне.

По завршувањето на седницата е предвидено потпишување меморандум, односно договор за збратимување на Општина Делчево со општините Новело, Монфорте д’Алба и Родино.