Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Делчево изработува Стратегија за ЛЕР за периодот 2026-2031 година

Општина Делчево го започна процесот на изработка на новиот стратешки документ кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево го започна процесот на изработка на новиот стратешки документ кој ќе го планира локалниот економски развој за период од пет години. На работилницата присуствуваа претставници од институциите, од граѓанскиот сектор, од бизнис-заедницата и од Општина Делчево, а првата работилница ја отвори градоначалникот Иван Гоцевски.

Гоцевски за Стратегијата за ЛЕР кажа дека е еден од најважните стратешки документи што го планира стратешкиот развој на Општината и претставува јасна визија и насока за економски напредок и подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

– Ова не е само административен процес туку заедничка мисија. Мисија да создадеме силна, одржлива, конкурентна, локална економија. Мисија да отвориме нови можности, за вработување, за развој, да ги поддржиме локалните бизниси и да изградиме средина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, токму тука, во нашето Делчево. Во овој процес ги вклучуваме сите – стопанственици, институции, граѓански организации и секој поединец кој сака да придонесе е добредојден, истакна Гоцевски.

Реклама

Изрази уверување дека најдобрите решенија се раѓаат токму од заеднички идеи, дијалог и партнерство се со цел создавање  одговорен и инклузивен план.

-Нашата цел е јасна: да ги искористиме потенцијалите што ги имаме, да привлечеме нови инвестиции и да обезбедиме стабилен економски раст кој ќе се чувствува во секое семејство. Затоа, овој стратешки документ за нашата Општина има огромно значење. Документот нуди рамка за развој на нашата Општина во секоја смисла на зборот, нагласи Гоцевски.

Во стратешкиот документ преку партиципативен пристап ќе се одредуваат прироритетните области со визијата и мисијата на Општината, а планирано е да се одржат две работилници. Драфт-верзијата се очекува да биде готова по годишните одмори по што документот ќе биде ставен на јавна расправа, а конечната верзија ќе биде дадена на усвојување од Советот на Општина Делчево.