Реклама

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Дефицит на демократија: Аналитичарите ги осудија заканите на Филипче кон новинарите на ТВ Алфа

Навреди, клевети и закани кон новинари и медиуми не значат ништо друго…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди, клевети и закани кон новинари и медиуми не значат ништо друго туку ниско ниво на демократски капацитет, особено ако ги упатува лидер на партија кој претендира да ја преземе власта. Осносот на Венко Филипче и заканите кон новинарите на ТВ Алфа се не се ништо друго освен вистинско демократско фијаско за него, преку кои покажува целосен дефицит на политичка култура. Вака дел од политичките аналитичари ја оценувааат неконторлирана канонада на навреди, клевети па дури и закани на Филипче.  Тој отиде дотаму што на новинарите им порача дека ќе мора да доаѓаат на баци рака и да му се извинуваат, а уредниците во телевизијата ќе одговоарале, откако тој ќе дошол на власт.

Секој политичар може да бара извинување има право да реагира на  невистина, но постои суштинска разлика меѓу користењето на институциите на правната држава, и најава дека некој ќе одговара откако ќе победат на избори, вели Јове Кекеновски, политички аналитичар.

Кекеновски вели дека заканите на Филипче треба да ја загрижат целата демократска јавност. Сепак, власта и политичарите се менливи, но новинарот мора да биде слободен и не може да живее со помислата што ќе ми се случи, ако некој политичар победи на избори.

Реклама

Не зависи правдата од тоа, институциите постојат и денес, меѓутоа на законски постапка, ако пак таквата договорнста јаа врзува со преземавње на васта ова порака демократската јавност да се загрижи тоа му е демократскииот капацитет. Власта се менува, но новинарт е слободен не може да живее со тоа кој политичар ќе му нарави после следните избори“, вели Јове Кекеновски, политички аналитичар.

Не му е првпат на Филипче и СДСМ директно да удираат по телевизија Алфа. Пред четири месеци од СДСМ најавија кривична пријава за наводно незаконско финансирање на телевизијата, од која секако нема ништо. Пред три месеци, пак најавена беше и кривична поради објавената златна виза на Венко Филипче, но и од неа нема ништо.

И ова не е ништо ново. За време на владеењето на СДСМ, телевизија Алфа секојдневно беше домаќин на финансиските инспектори, кои имаа увид во целата документација за финансиското работење. Алфа беше жртва и на хајки кои ги водеше тогашното СЈО, предводено од чарлиевиот ангел, Катица Јанева која заврши со правосилна осуда за криминал и злоупотреба на службената положба.  И покрај честите контоли на специјалните обвинители, не беше пронајдено ништо незаконско во работењето на телевизијата.