Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

„Децата не стануваат агресивни во училиште, најчесто агресијата ја носат од дома“- Нова иницијатива на Владата за спречување на насилството

Семејното насилство влијае и на порастот на меѓуврсничкото насилство. МВР обелодени фрапантни бројки – само од почетокот на годинава регистрирани се над 700 случаи на насилство во семејствата, наспроти 460 во истиот период лани што заначи дека за една година има зголемување за 67%. Загрижува и статистиката која покажува дека за 18% се зголемени и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејното насилство влијае и на порастот на меѓуврсничкото насилство. МВР обелодени фрапантни бројки – само од почетокот на годинава регистрирани се над 700 случаи на насилство во семејствата, наспроти 460 во истиот период лани што заначи дека за една година има зголемување за 67%. Загрижува и статистиката која покажува дека за 18% се зголемени и пријавите за врсничко насилство. 

„ Податоците за врсничко насилство – оваа година регистрирани се 93 инциденти наспроти 81 минатата година. Во 64 училишта од кои 59 основни и 17 средни. Во однос на минатата година пријавите се зголемени за 18%, бројот на сторители за 16,5%, а кривичните дела за 10,6%.“ – вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Институциите предупредуваат дека насилството не останува зад затворени врати во домот, туку неговите последици се почесто се пресликуваат и на улица и во училиштата. Затоа во соработка на надлежните институции, од следната седмица почнуваат со нова иницијатива за рано препознавање и превенција. Ќе стартува од образовниот систем, односно основните и средните училишта.

Реклама

„Освен кампањскиот дел со порака преку медиумите, ќе имаме и теренски, уште поважен дел. Најпрво ќе спроведеме обуки за сите училишни психолози, педагози и социјални работници во основното образование, за јакнење на компетенциите за препознавање деца жртви на семејно насилство преку нивното однесување и преземање мерки за спречување и понатамошно ширење. Ќе организираме и дискусии со наставниците и семејствата на учениците  за подигнување на свеста за овој проблем и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, вклучително и соработката со институциите.“– вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Како министерство ја презедовме одговорноста да го предводиме процесот на воспитување на Националната работна група за превенција на насилството кај младите – првиот национален механизам кој системски и сеопфатно се занимава исклучиво за ова прашање. “– вели министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Во соработка со комората на психолози дополнително е изготвен и протокол за постапување при сомнеж за насилство во училиштата. Експертите апелираат  – најмладите кои се сведоци на тепање, викање и навреди може да го прифатат ова однесување како модел за решавање на нивните проблеми, но и да се повлечат и да попуштат во училиште.