Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Давидовиќ: ДЗС нема надлежност за инспекција на угостителски објекти

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“ изјави дека институцијата не е надлежна за контроли на угостителски објекти, туку има сосема друга функција.

-Согласно законот, треба да се сфати дека Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња, кафани и ресторани. Таа е институција која опфаќа територијална одбрана и цивилна заштита на целата држава. Тука не се само пожари, туку и големи несреќи, шумски пожари. Под неа има Воздухопловна единица, а меѓу другото и Генерален инспекторат кој е надлежен да врши инспекциски надзор на територијата за која е назначен – рече тој во изјава за медиуми.

Посочи дека постојат јасни законски одредби кои го дефинираат инспекцискиот надзор и дека судот мора да се раководи според нив, без оглед на поединечни толкувања. 

Реклама

Според него, прашањето зошто и денес нема доволен број инспектори е проблем кој треба да се постави пред Владата, бидејќи за секое вработување е потребно одобрение од Министерството за финансии.

– Ова не е едноставен, туку комплексен проблем, кој засега, во односите во државата и начинот на кој се пополнуваат местата и како се гледаат определени работи и ситуации, се решава на многу тежок начин – рече тој.

Давидовиќ нагласи дека советот на општината, МВР и други институции се надлежни да преземат мерки и да ги одржуваат средствата за заштита и спасување во кондиција, за да можат да ги исполнат обврските согласно законот. 

– При одобрение за градба, доколку не поседувате вакво одобрение на планот за заштита, програмата за заштита и спасување, не треба да добиете одобрение за градба, ниту употребна дозвола – нагласи тој.

Изјавата следува по сведочењето на инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница кој сведочеше дека по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување утврдила сериозни пропусти – недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант, и заклучена помошна врата.

Инспекторот сведочеше дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување, а за надзор во друга општина е потребен писмен налог од раководството.