Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите.

​- Најголем ризик за тешка форма на западнонилска треска имаат постарите лица, хронично болните, оние со ослабен имунитет… Личната заштита многупати е споменувана – потребни се: соодветна облека и мрежи на прозорците. Многу битно е отстранувањето на онаа застоена вода околу домовите, на пример за луѓе кои живеат во куќи со дворови. Сигурно имаат стари автомобилски гуми – тие секогаш се полни со вода којашто којзнае колку долго стои таму. Тоа е рај за размножување на комарците – нагласи докторот во интервју за една од националните телевизии.

Епидемиологот Даниловски посочи на симптомите на западнонилска треска – висока температура, силна главоболка, кочење на вратот, дури нарушена свест, парализа… и рече дека доколку се појават граѓаните веднаш треба да одат на преглед кај лекар. 

Реклама

Тој го опиша тигрестиот комарец како подоминантен, повитален и посупериорен од оној некогашниот „домашен“ комарец и е активен 24 часа.

-Тигрестиот комарец е способен да се размножува во многу мали количини вода. Тоа е фантастично колку се животоспособни. Мали оние тацни под вазните ако имате дома или во двор, малку водичка ако има таму, е, доволно. Пластични садови, порции од домашни миленици, автомобилски гуми, пластични буриња, олуци – олуците мораат постојано да бидат исчистени, да не собираат таму вода – предупреди докторот.