„Едвај чекам“ – вака му одговори Данела Арсовска на Висар Ганиу кој најави тужба против неа за како што вели, невистините што ги изнесувала по однос на дивоградбите во Општина Чаир. По речиси година градоначалничката се соочи со новинарите и одржа маратонски брифинг, но само на една тема – дивоградби во Чаир. Покажуваше документи и тврдеше дека има 150 нелгални објекти.
Арсовска ги викна новинарите испровоцирана од Ганиу кој најави тужба. Првиот човек на Чаир тврди дека ниту 150 дивоизградени згради, ниту има темели за уште 50 нови како што тврди градоначалничката.
Меѓутоа ова не е единствениот проблем со кој се соочува Скопје, изминатите години градот остануваше без јавен превоз и со преполни контејнери, проблемите во сообраќајот и чистотата само се зголемија, а се појави и нов уникатен за нејзиниот мандат – рестрикции на вода. Градоначалничката за сето ова и за неостварените ветувања не не гледа вина кај себе, туку се препишува на политички опструкции.

Арсовска е децидна дека нема повторно да се кандидира .
Инаку минатата недела полицијата одзеде документација од Општина Чаир и Министерството за транспорт, а обвинителството за организиран криминал и корупција постапува по кривичната пријава што ја поднесе Арсовска.
