Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Дали македонската Влада дигна раце од Преспанското езеро?

Преспанското езеро е пред еколошка катастрофа, повлекувањето на водата долж брегот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанското езеро е пред еколошка катастрофа, повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри. Дали македонската Влада дигна раце од Преспанското езеро ? Граѓанските активисти укажуваат дека не се оствари ни најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив како што се бараше уште пред 3 години.

Стенд АП:Второто по големина езеро во Македонија буквално го снемува.Во последните 3 децении Преспанско изгубило речиси половна од својата вода,односно 53 милиони метри кубни вода му недостигаат.За илустрација,ова место каде што јас се наоѓам сега, некогаш било под вода. 

Екологистите, невладините здуженија и експертите прашуваат каде се преземените мерки од страна на Владата? Единствено што се изработи пред 3 години беше тој план за спас на Преспанското езеро. меѓутоа после тоа акцискиот план  затаи.Нема некои конкретни мерки ниту поголема соработка меѓу трите држави Македонија,Албанија и Грција. Во 60-тите години на минатиот век македонски експерти изготвиле проект за спас на Преспанско,кој никогаш не се реализирал.

Реклама

“Може да се најде решение а тоа решение е да се насочи водата од Преспанското езеро по потреба за централите, а регулацијата на езерото во Преспа ќе биде сочувана онака како што Господ ја дал природата, а ние струја трити држави ќе имаат во секое време-вели Павле Митрески,универзитетски професор

Прородонаучниците велат причините за овој феномен не се сосема јасни и најверојатно се комбинација од климатските промени и човечкиот фактор.

 “Исто така грешка е направена со тоа што од грчка страна е направена брана помеѓу малото и големото Преспанско езеро и е запрен природниот проток на вода од Мала Преспа кон големото Преспанско езеро”- вели Орхидеја Тасеска,директор на Хидробиолошки завод.

Со милениуми Преспанското Езеро било недопрено. Но, под притисок на климатските промени, неконтролираното испумпување вода за потребите на земјоделството и загадувањето, се намалува со алармантна брзина. На Преспанско Езеро му треба обединување на сите релеванти фактори од Македонија.Албанија и Грција,оти без Преспа ќе го нема и Охрид. Околу 25% од водата која го храни Охридското Езеро доаѓа од Преспанското.

Росица Голабоска