Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти? Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ. Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС. Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес. Филипче исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот. На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, додаваат од владејачката партија.