Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Да бидат спокојни сите институти што генерираат квалитет, но нема толеранција за институти во обложувалници и сакатење на високото образование, порача Мицкоски

– Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат квалитет во високото образование, но дека нема да бидат толерирани случаи по примерот што вчера го обелодени министерката Весна Јаневска која соопшти дека затвориле приватен институт кој работел во обложувалница. 

-Нив не може да ги толерираме бидејќи мора еднаш во високото образование да почнеме да генерираме квалитет, а не квантитет. Нашата цел не е да се затвори никој, нашата цел е да престанат со работа оние што генерираат неквалитет односно тие што буквално го осакатуваат високото образование, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преразгледа член 33 став 6 од предложениоет закон за научноистражувачка дејност, со кој се засегнати приватните инстутути и се доведува во прашање нивната работа. 

Мицкоски нагласи дека Владата е подготвена да прифати издржани аргументи во врска со пакетот три закони за високо образование и за наука, кои од утре ќе бидат во владина процедура, дека никој не ги одбива од дебата високообразовните установи затоа што, рече, дебатата е суштината. 

Реклама
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но, можат да го намалат приливот во Буџетот, Влада

-Од моментот кога ќе влезат во владина процедура до нивно усвојување имаме недели и месеци за работа и се разбира дека доколку имаме такви институции што се чувствуваат обесправени, а генерираат квалитет тогаш, врувајте, лично ќе застанам во нивна одбрана и лично на владина седница ќе побарам измена на тој член, додаде Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција посветена на новите мерки за намалување на цената на горивата. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера во одговор на новинарски прашања порача дека мора да се стави ред во високото образование бидејќи се констатирани многу нерегулатности поради што во изминатиот период се затворени 14 приватни институти. 

-Затворивме таканаречени 14 приватни институти. Зошто таканаречени? Најбруталниот пример беше кога комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт. Тој беше регистриран во задната просторија на обложувалница, каде што институтот требаше да ги извршува своите функции на две столчиња и два душека, а вработени беа двајца луѓе и беше прекршен законот. Тој беше веднаш затворен. Тоа е најбруталниот пример, има и полесни примери, но ние водиме 34 високообразовни институти, установи во земјава, и вакви работи се апсолутно недозволиви, затоа што под називот приватен институт де факто се извршуваат други функции, како што е овој пример со обложувалницата, рече Јаневска.