Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Д-р Зафировски: Ако и по седмиот ден од грипот симптомите продолжуваат, направете дополнителни испитувања

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со пациенти.Најмногу медицинска помош бараат болните со хронични белодробни заболувања, кај кои поради сериозни компликации е неопходна хоспитализација и постојан лекарски надзор.

Пулмолозите предупредуваат дека пост-грипните компликации се тивки, но сериозни.Годинава клиничката слика на сезонскиот вирус е значително потешка од вообичаеното.Според анализите, грипот од тип Б предизвикува потешки симптоми и сериозни компликации, особено кај пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОБ).

“Последните 20 дена ова е секојдневна слика повеќе од 100 до 150 пацинти поминуваат низ нашата амбуланта на Пулмкологија. Тие се сите со последици после грип..затоа апелирам, тие што имаат клиничка слика не повеќе од 5 до 7 денови да не се почнува со антибиотик и дека таа со заболување со сезонскиот грип ќе биде полесна. Но ако веќе после седмиот ден имаме кашлица со густ секрет, зголемена температура треба да дојдат во нашата клиника и да видиме понатамошни испитувања..” вели д-р Зафировски.

Реклама

Пулмолозите се децидни – вакцинацијата против грип е најефикасната заштита и клучна превентивна мерка, особено за ризичните групи.Според нив вакцината значително го намалува ризикот од тешки симптоми, компликации и хоспитализација.

„Затоа пациентите е најдобро да се вакцинираат против сезонски грип…без разлика дали ќе биде полесна или потешка клиничка слика сите треба да земат вакцина. Моментално 45 пациенти сите кревети се исполнети на одделот за интензивна нега има седум пацинети…20 пацинети се со инфуенца….сите кои се на интензивна се со грип но имаат и други дијагнози

Бројката на заболени од грип оваа сезона достигна преку 8.200 случаи. Изминатите недели беа регистрирани и три смртни случаи кај пациенти поради компликации од вирусот.  Две 75 годишни жена и 69 годишен маж починаа на Инфективна – имале повеќе хронични заболувања и не биле вакцинирани против грип. Инфектолозите очекуваат пикот да биде во следните две недели.