Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Д-р Елизабета Обочки: Лекувањето на изгорениците бара брз момент, брзата реакција на Владата и стручноста спасија млади животи

Тоа утро на 16 март, бевме повикани од шефот на дежурната екипа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа утро на 16 март, бевме повикани од шефот на дежурната екипа во нашата Клиника Свети Наум Охридски, пет пластични хирурзи доктор Атанасова, доцент доктор Стевковска, доктор Шапова, и доктор Груев, како и тројца специјализанти доктор Шојлев, доктор Рајковска и доктор Арџанова. Во координација со нашиот директор доктор Настов, е повикан целиот врвен тим на наши анестезиолози, комплетно подготвени нашите операциони сали, нашите инструментарки, подготвени медицинските сестри во Интензивна нега, и на нашите оддели. Во рок од час и половина, во нашата клиника се примија 30 пациенти со брза тријажа, примени 18 пациенти на Одделот за интензивно лекување, и 11 пациенти на Одделот за детска и пластична хирургија, и Одделот за урологија. Ова го истакна д-р Елизабета Обочки пластичен и реконструктивен хирург на УК за Хируршки болести „Наум Охридски“, која говореше на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

-Внимателен, брз одговор на нашите анестезиолози, каде што кај овие пациенти немаше само изгореници, имаше инхалациона дополнителна повреда, како и интоксикација. Брз хируршки третман на сите пациенти, и брза процена на изгорената површина, кај пациентите на возраст од 17 до 47 годишна возраст, со процентна изгорена површина, нели во зависност и од самиот етиолошки фактор, докажа дека се длабоки изгореници од 7 до 40 посто, со итна фасциотомија кај двајца пациенти, пошто се функционални делови констатирани изгореници на телото, како и на лицето.  Кај 10 пациенти се пристапи со итна ешаротомија, рече докторката.

Таа изрази огромна благодарност на целиот тим на доктори, и кажа дека повредените веднаш биле прегледани од трауматолозите, неврохирурзи, ренгенолози, интернисти.

Реклама

-Брз и адекватен одговор од клинички офталмолог, пулмолог, огромна благодарност, токсиколог и психијатри. Огромна и брзата реакција на Владата, клиничкиот тим на искусни доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тимската работа предводена од нашиот директор, и огромната благодарност и почит кон сите прво соседни држави, но и државите од Европа, за префрлање на најкритичните болни во соседните специјализирани центри за изгореници.
Огромна благодарност уште еднаш и почит, нагласи д-р Обочки.

Таа кажа дека во наредните две недели, нивната Клиника била центар за изгореници за 11 останати пациенти.

-Благодарност до израелскиот пратен тим за наша помош, каде што пристапија со ензимски третман. Третиот ден од повредите и нашиот ангажман на рана екцизија и препокривање со автотрансплантати на функционалните делови на телото, на дланките и на шаките кај шест пациенти. Огромна поддршка и нега од целиот здравствен персонал и медицински сестри, нутритивна поддршка, психијатриска нега, рече докторката.

Д-р Обочки изрази и огромна благодарност до Институтот за јавно здравје за редовните микробиолошки анализи, без кои не било возможно побрзо закрепнување.

-Со редовните микробиолошки анализи, и секојдневна помош, нашите пациенти со брзата рехабилитација, постигнавме за еден месец да си заминат дома. Но и вратените тројца пациенти, се пристапи кон лекување на тројцата пациенти со интензивно поставување на кожни трансплантати на останатите изгореници, рече д-р Обочки.

Таа нагласи дека лекувањето на изгорениците бара брз момент, и брз потег којшто може да спаси живот.

-Тимската работа, брзата реакција на Владата и стручноста, спасија млади животи, спасија иднина и соништа кај луѓето. Моите колешки изразија благодарност со присуство на конгресите во Белград, во Берлин, во Солун и во Анкара. Многу ви благодарам за целата помош и хуманоста што ја покажавте сите, заклучи д-р Обочки на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“.