Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Д-р Агаи: Нов живот може да почне ако ѝ дадеме шанса на трансплантацијата на органи

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција. – Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција.

– Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува еден живот, може да почне друг доколку му дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи – смета д-р Агаи.

Директорот на Неврохирургија апелира дека овој хуман чин на трансплантација на органи може да спаси нов живот доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце некому да му помогнеме.

Реклама