Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ЦУК: Во Струмичкиот Регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани поради врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи.

Во Струмичкиот Регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот Регион зачестени се одрони и свлечишта на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема опасност од излевање на реките. Во општините Крива Паланка и Ранковце нивото на Крива Река е зголемено, но нема излевање и пријавени штети, во општина Кратово нема штети, а зголемените водостоји на Кратовска и на Крива Река се во рамките на коритата.

Според ЦУК, во општините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар не се пријавени штети од врнежите, а во општина Крушево нивото на реката Црна кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање.

Реклама

На подрачјето на РЦУК Охрид состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети.

– На подрачјето на РЦУК Тетово состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети. Во општините Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе и Лозово состојбата е стабилна и нема опасност од излевање на реките. Во ридско-планинските делови на општина Кавадарци има нови врнежи од снег. ЈП „Комуналец“ со две возила интервенира на критичните патни правци. На патниот правец Кавадарци – Мушов Гроб – Мајдан има одрони кај месноста Катуниште, каде што ЈП „Македонијапат“ врши расчистување. Сите патишта се проодни. Од браната „Мавровица“ продолжува прелевање вода од 2 см над максималната кота, без опасност од излевање и загрозување на околината – наведува ЦУК. 

Според информациите од Општина Струмица, поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино, поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации. Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од село Костурино. Реката Плаваја во селото Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС „Радовиш“ и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање.

ЈП „Македонијапат“ во Штипскиот Регион континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и приспособено возење. 

– Во Штип е пријавен срушен потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов, при што се оштетени две паркирани возила и е блокирана една сообраќајна лента. По завршување на увидот од СВР Штип, ќе се пристапи кон расчистување. Водостоите на водотеците се зголемени, но се во рамките на коритата и засега нема опасност од излевање – информира ЦУК.