Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

ЦУК: Поплави и тешкотии во сообраќајот во повеќе региони

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта предизвикаа поплави, излевање реки и тешкотии во сообраќајот. Најголеми проблеми се регистрирани во Тетовско-Гостиварскиот, Охридско-Кичевскиот и Битолско-Преспанскиот регион, каде службите за итно дејствување веќе интервенираат.

Како што соопштуваат од ЦУК, во тетовскиот и  регион гостиварскиот локалниот пат меѓу селата Форино и Тумчевиште е тешко прооден, а забележано е излевање на Лакавичка река во селото Мало Турчане и на Сушечка река во Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.

Во Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации, а реката Далјан е излеана од коритото, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб постапуваат по пријавите, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.

Реклама

Во Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе станбени објекти, а околу 100 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“. На евакуираните им е обезбедена храна, вода и основни потреби, а на терен интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП Комуналец и Општина Кичево. Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште „Санде Штерјоски“ и реката Треска, со поплави на земјоделско земјиште во околните села.

Во Битолскиот и Преспанскиот регион врнежите предизвикале зголемување на водостојот и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. За утврдување на приоритетите и координација на активностите на терен, Кризниот штаб на Општина Битола закажал состанок во 9 часот.