Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Црвениот крст изврши последна исплата на финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани, информираат од Црвениот крст на Македонија.

Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари.

Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.

Реклама

Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари.

Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сеуште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Остануваме и понатаму посветени во мобилизирањето на хуманитарна помош која ќе биде во функција на поддршка за настраданите од големиот пожар.

Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан. Црвениот крст на РМ наскоро отвара Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во градот Кочани кој со своите активности ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на Македонија.