Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ЦЈЗ Кочани: Не е најдена салмонела кај вработените и инвентарот во беровската градинка, храната уште се испитува

Кај вработените и површините во детската градинка „23 август“ во Берово нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај вработените и површините во детската градинка „23 август“ во Берово нема салмонела, ова се првичните резултати од  направените анализи. Сепак дали има траги  од бактеријата во храната што ја консумирале децата ќе бидат потребни дополнителни 24 часа за да излезат и овие резултати, објаснува за Алфа, директорот на Центарот за јавно здравје во Кочани, Гоце Серафимов. Мостри беа земени откако санитарни инспектори  по пријавата на првите два случаи на заболени деца, извршија вонреден инспекциски надзор во градинката.

  „Кај лицата и површините од кадешто се земени мострите не е утврдено салмонела. Претстои уште 24 часовен период каде треба да се утврди дали од храната што е земена има некој трагови на салмонела„изјави Гоце Серафимов, директор на Центар за јавно здравје во Кочани

Засега бактеријата салмонела е потврдена кај пет деца откако со болки во стомакот и дијареа се пожалиле кај матичните лекари . Дечињата се во добра здравствена состојба. Серафимов посочува дека изминатиот период во кочанскиот Центар за јавно здравје пристигнати се поголем број на мостри од регионот, но дел од нив не се поврзани со градинката

Реклама

  „Се работи за деца кои се примени кај своите матични лекари кои испратиле копрокултура. Претпоставувам дека ќе имаме поголем број , бидејќи од регионот ни пристигнуваат поголем број на копрокултури. Во зависност од тоа каде била салмонелата, врз основа на тоа ќе видиме дали ќе имаме и други позитивни случаеви„ изјави Гоце Серафимов, директор на Центар за јавно здравје во Кочани.

 Салмонела кај деца згрижени во детската градинка „23 август“ во Берово се појави минатата недела, по што беше донесена одлука кујната во градинката да биде затворена се додека не се утврди дали бактеријата се шири од таму или децата се заразиле од друго место.

Алексанра Ристеска

https://youtu.be/iu-eRAiRRmg