Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

ЦИА: Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името

Киро Глигоров, првиот македонски Претседател одбил 100 милиони долари за промена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Киро Глигоров, првиот македонски Претседател одбил 100 милиони долари за промена на името, стои во декласифицираниот документ од американската разузнавака агенција ЦИА.

„Глигоров ја надгледува кампањата на неговата република за добивање меѓународно признавање. Тој изрази екстремно разочарување од одлуката на ЕК да ги поддржи грчките приговори за името „Македонија“. Тие изјавија дека, и покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки претставници за 100 милиони долари помош под услов името да се промени“, стои во извештајот од разузнавачите.

Според документот, понудата му стигнала од грчки претставници, а на условот да пприфати промена на името за да ги земе парите, Глигоров одговорил дека никогаш нема да го стори тоа и оти грчките барања се целосно неразумни.

Реклама

Во дукментот, Глигоров е опишан како почитуван државник, ветеран и реформатор.

„ постојано работеше на балансирање на конкурентските сили во неговата република и низ целиот Балкан“, стои во извештајот каде го опишуваат како мудар стар лисец.

Дополнително се наведува дека, додека регионот тоне во крвопролевање, Глигоров успеал да маневрира помеѓу жестокиот грчки притисок и заканата од Белград и внатрешните тензии во однос на Албанците.

Регионално, првиот македонски претседател имал претпазлив став кон Белград, иако се обидувал да одржи комуникација со лидерите на бивша Југославија.

„Ги отфрли обидите на српскиот претседател Слободан Милошевиќ да го натера да формира асоцијација со југословенската држава доминирана од Србија. Тој не му верува на Милошевиќ и ги смета него и хрватскиот претседател Фрањо Туѓман за одговорни за југословенската криза“, стои во извештајот.

Според ЦИА, Глигоров верувал на југословенскиот Премиер Милан Паниќ за формирање Балканска Унија која треба да ги опфати Грција и Турција.