Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток, кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација – информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Со последниот, петти лет, што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко – се наведува во соопштението од МНРиНТ.

Од таму појаснуваат дека станува збор за организирани чартер-летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.

Реклама

Со реализацијата на овие летови, како што посочуваат од Министерството, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.

Министерството уште еднаш нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

Воедно, информираат дека дежурниот СОС-телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.