Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

🎥 Целосно различни концепти: СДСМ без идеи само со напади, ВМРО-ДПМНЕ со проекти и планови, ДУИ удри со национализам

Едни со проекти и планови за иднината, други само со напади кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едни со проекти и планови за иднината, други само со напади кон политичките ривали. Тоа е сликата која можеме да ја видиме на нешто помалку од два месеци пред локалните избори. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ довербата од граѓаните, почна да ја бара со отчет за сработеното, како и со најава што ќе сторат по изборите, додека пак СДСМ единствено што досега понуди пред јавноста е само критика за политичките ривали, без промоција што би сториле ако ја добијат довербата. Новинарот Бранко Героски за Алфа вели дека за партијата на Венко Филипче, ќе биде многу подобро доколку ја променат реториката, бидејќи не можат да очекуваат повеќе гласови на изборите, ако единствено карта им е напад кон владејчката партија.

-Вие сте во ситуација постојано да бидете негативни, да бидете критични кон нешто, немате време, немате енергија, целата енергија ја трошите на она што се нарекува критика во марксова смисла на се и сешто, на се постоечко. СДСМ како некогаш голема партија и се уште партија која претендира да биде голема, ако не понуди такви идеи, се сведува на мала партија чија реактивност ќе се мери само по степенот на радикализам, вели Героски.

Целосна спротивност од онаа на СДСМ е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Според Героски нормално и очекувано е она што го прави владејачката партија, бидејќи токму тоа им е потребно на луѓето, да знаат што може да очекуваат од оние на кои ќе им го дадат својот глас.

Реклама

-ВМРО ДПМНЕ стартуваше со попис на остварувања во изминатиот мандат. Тоа вака на прв поглед делува импресивно, тоа се бројки на направени километри патишта, градинки, улилишта итн. Се разбира секогаш можело да биде и подобро, можеби недостасува некогаш и самокритична нота, но тие работи не се за во кампањата, изјави Героски.

Сосем друга е ситуацијата во албанскиот политички блок, таму ДУИ почна да ја тера кампањата на национализам. Според Героски останува да видиме, дали Вреди ќе издржи да не возврати со иста мера.

-Мислам дека ДУИ ќе влезе со една цврста националистичка реторика, Вреди тешко ќе одолее на предизвикот на докажување кој е поголем Албанец, кој сторил повеќе за албанската кауза, за Албанците итн. Иако генерално статусот на Албанците значително напредна, неспоредливо со претходни некои времиња, но таа кауза се уште носи некакви поени, изјави Героски.

На овие избори ќе има и повеќе називисни кандидати за градоначалници и советници. Според познавачите тоа би требало да ја збогати кампањата со предлози и идеи, но и да биде проблем пред се за опозицијата, чии гласачи кај независните може да го видат она што не им го нуди нивната политичка опција.

Матеја Петровски