Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, што беше спроведена на влез во државата на граничен премин „Табановце“. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени, кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО – Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица, соопштија денеска од Царинската управа.

– Делото е откриено на 26. месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на „Дурмо турс“ што сообраќал на релација Италија – Македонија, на контрола. Притоа, мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор, помеѓу 50 пакувања кафе, пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 милиметри калибар, информираа од Царинската управа.

Од Царинската управа нагласија дека продолжуваат со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните.