Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Царината во 2025-та наплати 2,14 милијарди евра, во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024

Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година.

Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %.

-На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален раст од 10,6 проценти е забележан во декември, а притоа е реализирана наплата на приходи од 190,2 милиони евра. Кумулативно за цела 2025 година наплативме приходи од 2,14 милијарди евра или 105,1 милиони евра повеќе од лани, вели директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Реклама

Според него, податоците јасно ја покажуваат зголемената ефикасност на Царинската управа во наплатата на приходи.

-Ова значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе генерираат одржлив економски раст – повеќе средства за здравство, за образование, за нови градинки и училишта, за инвестиции во патна и железничка инфраструктура, нагласува Николовски.