Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Царината немилосрдна кон шверцерите, 77 % повеќе заплени во однос на лани

Зголемена наплата во однос на лани,  отворена борба со криминалот и корупцијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемена наплата во однос на лани,  отворена борба со криминалот и корупцијата, план за модернизација на границите – Царинската управа одбележа 33 години постоење. Бројките говорат за резултатите од сработеното. Во првиот квартал биле остварени приходи од близу 480 милиони евра или 13.6 милиони повеќе споредено со лани истиот период. Во 2024-та имало 410 заплени од кои над 300 се во втората половина од годината, а што се однесува до првото тромесечје годинава има 77 отсто повеќе заплени во однос на истиот период лани. Ваквите податоци, според директорот Николовски говорат за сериозната посветеност во борбата со криминалот, а од друга страна за прибирање повеќе пари во Буџетот

Притоа приходите од Царина се повисоки за 15,6 проценти, од акциза за 5,7 проценти, а од данок на моторни возила за 16,2 проценти. По основ на извршени проверки и контроли од Секторот за контрола и истраги наплатени се 20 милиони денари, а донесени се и решенија за дополнителна наплата на износ од 5,7 милиони денари. Овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија. Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци, рече директорот Николовски.

Не само на границите борбата со криминалот се води и внатре во институциите. Николовски досега потпишал 8 откази на царински службеници, а се водат и бројни дисциплински постапапки. Во последните пет месеци биле поднесени вкупно 102 кривични пријави од кои дури 13 биле против царински службеници. За споредба во периодот од 2020-2023 година биле поднесени само 85 кривични пријави.

Реклама

102 кривични пријави до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 58 правни и 184 физички лица. За споредба во тригодишен период од 2020 до 2023 година биле поднесени 85 кривични пријави за цели три години. Анализирано на месечно ниво од 2016 година наваму во овие пет месеци имаме историски најмногу поднесени кривични пријави на месечно ниво“, истакна Николовски.

Наплатата од царините е речиси согласно проектираното, односно помалку за околу 1 отсто. Министерството за финансии очекува зголемена наплата во текот на летниот период оти тогаш има и поголема фрекфенција на границите.