Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Царина и АХВ потпишаа нов Меморандум за соработка – заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

-Безбедноста на храната ни  е еден од клучните приоритети. Суштината на Меморандумот е зајакнат и координиран пристап преку размена на информации со што делуваме превентивно во спречување на секој обид за криминал со храна. Секој обид за загрозување на здравјето на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Истовремено зајакнување на соработката е клучна и за унапредување на делувањето против царински измами со храна. Размената на информации е клучна за сузбивање на ваквите криминални дела преку анализа на податоци, креирање на профили на ризик и преземање на истражни дејствија и фаќање на сторителите, истакнал директорот Николовски.

Директорот на АХВ потенцирал дека потпишувањето на Меморандумот претставува јасна потврда за заедничката определба на двете институции за координирано, современо и транспарентно делување, со цел унапредување на системите за контрола на храната и животните, олеснување на трговијата и приближување кон европските регулативи и стандарди.

Реклама

-Акцент со Меморандумот ставен е на унапредувањето на системите за следливост на животните и спречување на нелегалната трговија, со што се обезбедува дополнителна заштита на јавните интереси и на благосостојбата на животните. Заедничката акција е чекор напред кон модернизација на институциите, зголемување на довербата на стопанството и обезбедување сигурен и здрав пазар за граѓаните, посочил Миланов.

Агенцијата за храна и ветеринарство донираше и електронски читачи за микрочипови кои се ставени на располагање на царинските службеници при контрола на домашни миленици. На овој начин, како што информираат од Царинската управа, се јакне капацитетот за идентификација и проверка на сопственоста на животните, особено при премин преку граничните пунктови, што истовремено претставува мерка за спречување на шверц и заштита на здравствено – санитарната безбедност.