Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите во Европа, покажа нова студија, во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштво

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот во Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 проценти од европскиот континент, површина речиси шестпати […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот во Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 проценти од европскиот континент, површина речиси шестпати поголема од онаа што моментно ја заземаат – се предвидува во студијата што обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р Диме Меловски и м-р Александар Стојанов од Македонското еколошко друштво (МЕД).

За подобро да се разбере човековото влијание во интеракциите меѓу разните животински видови, но и да се објаснат причините за експанзијата на чакалот во Европа, од 2001 до 2017 година се собирани стандардизирани теренски податоци за завивањето на чакалите на безмалку 9 000 локации во Централна и Југоисточна Европа, вклучително и во нашата држава. Истражувањето покажа дека пократкотрајната снежна покривка, што е последица на климатската криза, умерената шумска покриеност и близината до водни тела позитивно влијаат врз бројноста на чакалот. Но, клучно за неговото ширење е отсуството на топ-предатори, како волкот.

– Истражувањето ја потврди тезата дека историскиот пад на волците во Европа била главната причина за сè поголемата распространеност на чакалите во Европа. Кога чакалите ќе почнеме да ги среќаваме и на места на кои вообичаено не живееле, вклучително и во повисоките предели, тоа значи дека популацијата на волкот, но и на разни видови плен, како срната, е загрозена – објаснува д-р Диме Меловски, раководител на Програмата за диви видови во МЕД.

Реклама

Во деведесеттите години на минатиот ве, чакалот кај нас бил истребен поради што порано го имал статусот на строго заштитен вид. Ова повеќе не е случај. Иако честите случаи на прегазени чакали и многуте пријави од луѓе упатуваат на заклучокот дека бројката на чакали расте и кај нас, сепак не постојат точни податоци за овој вид што денес ја населува целата територија на Македонија.

– Чакалот, како и секое друго животно, си има своја функција во екосистемот. Но, популациите на крупни месојади мора да се менаџираат. Ова, од една страна, ќе помогне да се врати и одржува балансот во екосистемот, а од друга, ќе спречи да дојде до истребување даден вид. Токму затоа, државата, во соработка со ловните друштва и со експертски организации како нашата, треба да преземе мерки за управување со оваа популација почнувајќи од утврдување на бројката на чакали – истакнува м-р Александар Стојанов од МЕД.

Истражувањето посочува дека закрепнувањето на топ-предаторите може да биде решение базирано на природата за регулирање на растечките популации на мезопредаторите. Во нашиот контекст ова е уште една причина да се заштити волкот со ловостој имајќи предвид дека неговата популација е во опаѓање. За да се постигнат и задржат ваквите еколошки ефекти, потребно е топ-предаторите да достигнат еколошки ефективна густина и соодветна популациска стабилност. Ова претставува голем предизвик во предели доминирани од човекот поради што е неопходно да се преземат ефикасни мерки за спречување и намалување на конфликтите меѓу човекот и животните.