Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Економија

Чкламовска за Алфа: Договорот за платите на 11 илјади административци е историски

Договорот за раст од 40% на платите на јавната администрација кој го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот за раст од 40% на платите на јавната администрација кој го потпишаа владата и синдикатите е со историско значење, коментираат упатените. Фактот дека на ваков начин се потпиша документ кој содржи јасен пакет за тоа како и за колку ќе растат платите во наредниот период за дел од упатените е многу значаен. Билјана Чкламовска, правник и експерт по човечки ресурси во изјава за Алфа вели дека до сега ниту една Влада не успеала да договори ваков пакет со јавната администрација.

„За јавната администрација работодавач е Владата и во однос на оретходните владии, оваа влада нависитина покажа разбирање, нормално во рамките на своите можности. За прв пат и двата синдиката се ислушани и обезбедени во преговори, значи двата репрезентативни синдикати и за прв пат се донесе да речам едно вакво историско решение за покачување н аплатите во администрацијата, значи комплетно Владата има разбирање за своите вработени како работодавач. За во иднина ќе се потпишуваат поедниечни договори, веројатно тоа е јасно, поедниечно се мисли секоја институција, секое министерство, секоја институција која што има синдикат се потпишува колективен договор на ниво на работодавач. Тоа се колективни договори кои обезбедуваат најголеми права, бидејќи обезбедуваат поголеми права и од општиот колективен договор, рече Биљана Чкмаловска“, правник и експерт по човечки ресурси.

Според пресметката за новите плати во администрацијата до кои дојде телевизија Алфа, уште во старт платите ќе се се зголемат помеѓу 60 и 115 евра.

Реклама

Вработениот на најниската работна позиција со средно образование ќе добие покачување за 3786 денари, додека пак најниската позиција со високо образование ќе добие во април повисока плата за околу 4200 денари.  Најголемото покачување ќе биде кај раководните позиции кои ќе бидат повисоки за околу 7000 денари.

Според Чкламовска, Владата ги обезбедила своите работници како работодавач, а во приватниот сектор потребно е да се водат разговори помеѓу работодавачите и работниците преку нивните синдикати, со што би се постигнал договор за повисоки плати и во приватниот сектор.