Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Читаат, но не разбираат – аларм за падот на знаењето кај учениците

Се поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат прблем да влезат во дискутисија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 прашања за два раскази од кој еден со позната и еден со непозната содржина.

„Еве неколку заклучоци, генерално резултатите се слаби, и може да констатираме дека генерациски и натаму опаѓа квалитетот на образованието во основните училишта. Денешните деца од четврто одделение се многу послаби од овие од осмо одделение, но заклучокот е дека кога овие деца од четврто одделение ќе стигнат во осмо одделение ќе бидат уште послаби од сегашните осмооделенци. “– вели Петар Атанасов од Институтит за социолошки и политичко-правни истражувања.

Оние деца кои помалку читаат книги, и не спортуваат, но затоа премногу време поминуваат на телефон, даваат значително полоши резултати од останатите.

Реклама

„Во основните училишта во четврто, пето, шесто, седмо и осмо одделение треба да се работи на неколку техники, децата да слушаат, читаат, раскажуваат, да дебатираат и да научат да изградат свој личен став. Преку дијалог за решенија по било кој предмет и било која настава, да се изложуваат на различни текстови.“– вели Петар Атанасов.

Професорите апелираат што побрзо да се преземат мерки. Иако наставните програми се добро оформени, недостасува подобра примена. Тие велат, наставниците да имаат поактивна улога, умерено да ја користат дигитализацијата и да се фокусираат на класичното воспитување со книги и текстови.