Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Чибишев за аферата „Онкологија“: Сите инволвирани треба да одговараат пред законот и да ја добијат заслужената казна!

Аферата „Онкологија“ уште долго време ќе го оптоварува македонското здраство, и порано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аферата „Онкологија“ уште долго време ќе го оптоварува македонското здраство, и порано сме коментирале, и тогаш сум кажал и ќе повторам дека не е можно овластените или надлежните државни институции да немале информаци за тоа што се случува во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Знам дека ДЗСИ постојано прави контроли што се случува, посебно на Клиниките, А Онкологија е дел од Клиниките, дел од Клиничкиот центар. Во Фондот исто така има една инспекторска служба која што на неколку месеци, законска обврска на секои шест месеци прават финансиска конторла односно следат како се трошат средствата на здраствените осигуреници. Значи, не е можно да не забележале дека се одлеваат средства, дека не се трошат како што треба и на крајот министерството за здравство, министерот има свој тим кој исто така ги следи активностите по здраствените институции, посебно по Клиниките, затоа што тука се слева најголемиот број од пациентите, не е можно да не знаеле, изјави Чибишев.

Чибишев се надева епилог на аферата „Онкологија“ и дека инволвираните ќе ја добијат заслужената казна.

-Анкетната комисија заврши голема работа. Тие практично го усмерија целиот проблем во еден првавец кој што на крајот резултираше со обвинение, меѓутоа сега ние неможеме никого да критикуваме дека се обидува да прикрие да го забошати случајот… затоа што имаме две вкрстени вештачења кои не се правени во Република Македонија, се правени надвор од државата од експерти од други држави. Значи тие ништо не ги обврзува тука или не се познаници со одредени луѓе на кои што ќе сакат да им ги покријат незаконските дејанија. Тие објективно направиле вештачење и дел од тие наводи ние ги слушнавме и во јавноста. Колку пари се потрошени, колку пациенти несодветно се третирале. Јас незнам како тие луѓе не се плашеле од Господ , како не се плашеле да третираат пациенти кои се животозагрозени да им даваат нешто што не е терапија. Ги убедувале дека добиваат терапија а ништо не добивале, тоа е грозоморно, страшно… Јас се надевам дека овој пат дека ќе има епилог, ова е прв пат да такви сериозни обвиненија да добијат здраствени работници, без разлика дали се доктори или некој друг здраствен персонал. Сериозни обвинеија, не сум правник но запретени се големи казни и ги охрабрувам судските органи да го тераат ова до крај. Сите што се инволвирани, сите што се огрешиле пред законот аа одговараат пред законот и да си ја добијат заслужената казна. Само така, можда минимално ќе успееме да ја вратиме довербата во јавното здраство, рече директороот Чибишев.

Реклама

Во продолжение погледнетего целота емисија: