Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем.

-Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме и идните граѓани и идните професионалци. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно, истакна министерката Сања Божиновска.

Станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир), „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода) и „Лазо Ангеловски“ (Аеродром). Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со
електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM). Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите.

Реклама

Од училиштата го поздравија партнерството со министерството и ја истакнаа важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање.

-Ова не е само техничко решение, туку алатка што ни помага како институции да бидеме поефикасни, поодговорни и да ја вклучиме енергетската свест во воспитно-образовниот процес, порачаа директорите на четирите училишта во заедничка изјава.

Решението SEMM е целосно развиено од Македонски Телеком. Системот овозможува училиштата во реално време да следат како и колку трошат, со што полесно ќе се идентификуваат можностите за намалување на непотребната потрошувачка и за подобрување на енергетската ефикасност.

-Особено ми е драго што сме дел од овој проект за енергетска ефикасност, со донација на наше паметно решение во четири училишта во Скопје. Во ерата на поврзани технологии, нашата цел не е само  да придонесеме за дигитализација, туку и за поздрава животна средина, во овој случај преку намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Соработката со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и училиштата е многу важна, затоа што само преку вакви партнерства се креираат долгорочни и темелни решенија. – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

-Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија, истакна Божиновска.

-Компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни – од нив очекуваме и вистинска општествена одговорност. Денес, кога сите се соочуваме со енергетски предизвици, особено е важно приватниот сектор да вложува и да помага таму каде што е најпотребно – во јавните институции како училиштата и болниците, заклучи Божиновска.