Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Четири нови потврдени случаи на Западно-нилска треска

Западно- нилската треска  удира на повозрасната популација. Потврдени се нови 4 случаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Западно- нилската треска  удира на повозрасната популација. Потврдени се нови 4 случаи на вирусот од страна на Инситутот за јавно здравје и сите се на возраст над 60 години. Досега се регистрирани вкупно 42 лица заразени со  вирусот и четири починати пациенти.

-Заклучно со денес  4 лица се лабараториски потврдени на вирусот Западен-нил. Сите ново дијагностицирани се од Скопје од засегнатите општини. Лицата се на виозраст од 66 , 71, 84 и 75 годишна возраст.  Вкупната бројка до сега на лица заразени со вирусот изнесува  42.информираат од Центарот за јавно здравје

Најмногу заболени има во Драчево, општина Кисела Вода и рурални населени места во Гази Баба. Најголемиот дел се постари од 60 години, еден случај е на 25 годишна возраст, а засега нема заразени деца. Токму на повозрасните граѓани од засегнатите подрачја Министерството за здравство почна да им испраќа смс пораки за да ги информира како да се заштитат од комарци и кога да побараат лекарска помош. Се планира да се испратат 38.500 смс пораки.

Реклама

Инаку извештајот за контролите на ДСЗИ  потврди дека градот ја исполнил обврската за справување со комарците. Средствата со кои што е вршена дезинсекција уверува министерот за здравство Клековски дека се од листата препорачана од СЗО.  Фокус во наредниот период ќе биде ставен на лоцирање на застоените води во општините каде има епидемија на Западно-нилска треска  и дезинсекција од земја токму околу тие места. Здравствените власти посочуваат дека смртноста според прогнозите е околу 10 отсто од пациентите со воспаление на мозокот кои биле  хоспитализирани. Остануваат препораките  до  граѓаните навремено да реагираат ако почувствуваат симптоми на Западен-нил и да се заштитат од комарците. Во утринските часови веќе беше извршена терестичка дезинсекција против комарци во Скопје а ќе биде и вечерва.