Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Четири месеци нема обвинение за убиецот од Кочани

Се уште е во предистражна постапка убиство во Кочани, кога поранешниот партнер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште е во предистражна постапка убиство во Кочани, кога поранешниот партнер со над 40убоди од нож  пред нејзината куќа ја усмрти  46годишната кочанчанка. И по речиси четири месеци од свирепото убиство, предметот се уште е во предистражна постапка. Претседателката на кочанскиот Основен суд за Алфа вели дека  предметот се уште е во истрага и тие како инсутуција  немат добиено обвинение за случајот. Во меѓувреме пак од Обвинителство кратко брефираат дека истрагата за случајот е во тек, не откривајки други детали.

Свирепото убиство се случи на 25 септември минатата година. Тогаш убиецот во раните утрински часови, пред да замине на работа ја начекал својата жртва и со кујнски нож, нанесувајќи и над 40 убоди во градите, стомакот, вратот и рацете  ја лиши од живот.  59годишниот маж по убиството ја почекал полицијата и се предал.

    Агонијата на жртвата траела седум години. Живеела со закани и била уценува од него со наводно компромитирачки фотографии. Иако во април минатата година дури и го пријавила, нејзината пријава не била сватена сериозно.  Тогаш од ОЈО брефираа дека била уценувана во врска со кредит и дека немало закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста.  

Реклама

Александра Ристевска