Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Чествување на Денот на македонскиот јазик во Романија

Лекторатот по македонски јазик, предводен од лекторот Златко Панзов на покана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекторатот по македонски јазик, предводен од лекторот Златко Панзов на покана на лекторката Елена Ѓорѓиовска, гостуваше на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик во Романија кој се одржа на 07.12.2025г. во Националната библиотека на Романија во Букурешт.

Оваа година одбележувањето му беше посветено на Горан Стефановски, односно четири децении од неговата „Бушава азбука“.

Чествувањето беше проследено со одлично организирана прослава од страна на лекторката по македонски јазик во Букурешт, Елена Ѓорѓиовска и амбасадата на Македонија во Букурешт. На прославата свои излагања имаа б.д. амбасадорот Златан Беговиќ и лекторката Елена Ѓорѓиовска, а студентите од Лекторатот по македонски јазик се претставија со читање на фрагменти од „Конзервирани импресии“ на Горан Стефаносвки, преведени на романски јазик. 

Реклама

Гостите од Унгарија, прославата ја збогатија со концерт, на унгарското дуо БудаПесме, составено од Вероника Варга и Бенедек Рети. Оваа година БудаПесме снимија албум на македонска изворна музика во Скопје. На албумот гостуваат познати македонски музичари како златното грло на Македонија, Наум Петрески, маестро Мишел Трајковски и проф. д-р Горанчо Ангелов. Присутните гости во Букурешт имаа ексклузивна можност да го слушнат музичкиот материјал, односно албумот насловен како „Македонија“. Секако, концертот беше надополнет со други незаборавни македонски народни песни.

Јана Борбала Панзов пред присутните гости се претстави со нејзината изложба на илустрации насловена како „Мистична Македонија“, која претставува визуелно патување во Македонија, патување низ македонските градови, низ вкусовите, мирисите и звуците на татковината.

Лекторите по македонски јазик од Букурешт и Будимпешта, Елена Ѓорѓиовска и Златко Панзов, остварија работна средба во просториите на лекторатот во Букурешт на која разговараа предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа, а можноста беше искористена и да се збогати библиотеката на лекторатот со преводи од унгарски на македонски јазик и стручна литература.

Во иднина е планирано продлабочување на ваквата соработка, со заемни посети, заеднички чествувања на значајни празници, годишнини и јубилеи, секако вклучувајќи ги и останатите лекторати и лектори, со цел зголемување на видливоста на македонскиот јазик, литература и култура во центрите каде што делуваме.