Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши: Проширувањето на ЕУ ја надминува димензијата на политичкиот процес

Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај – Денот на Европа. 

– Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани. Во овој контекст, нагласувам дека проширувањето на Европската Унија ја надминува димензијата на политичкиот процес. Тоа претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и кохезијата на целиот европски континент – наведува Гаши.

Македонија, се посочува во честитката, останува непоколеблива во својата ориентација и стратегија за европската интеграција, демонстрирајќи постојано институционална одговорност, демократска култура и искрена посветеност на реформите, дијалогот и добрососедството.

Реклама

– Овој пат е политичка аспирација, но и изразување на нашето длабоко убедување дека иднината на земјата природно е дел на европското семејство – вели Гаши. 

Собранието на Македонија останува посветено на унапредувањето на демократските реформи, зајакнувањето на институциите и подобрувањето на интеграциските процеси, со уверување дека европската интеграција претставува гаранција за долгорочна стабилност, демократски развој и благосостојба на нашите граѓани и регионот.

– Во духот на 9 Мај, ја реафирмираме вербата дека европската иднина се гради врз солидарноста, довербата и заедничката визија за една посилна, побезбедна и пообединета Европа – се вели во честитката по повод 9 Мај – Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши.