Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Честитка од Пендаровски по повод Курбан Бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в.д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

Во честитката Пендаровски посакува овој голем празник да донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како  празник на дарувањето и на солидарноста, вели, да нè инспирира да им помагаме на сите оние на кои им е потребна материјална, но и духовна поткрепа.

– Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница, стои во честитката од Пендаровски.

Реклама

Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19, се подвлекува, како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Изразува верување дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.

– Во согласност со традициите на заемно почитување и уважување, да се грижиме и да помагаме безусловно на сите наши сограѓани не водејќи сметка за етничката, религиозната или идеолошката припадност. Да продолжиме да го градиме и да го чуваме нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски, кој упатува најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба