Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Честитка од Мисајловски: Денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја поведоа борбата за слобода

По повод чествувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод чествувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на партизанските гробишта во Бутел положија венец со цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од Народноослободителната и антифашистичка борба.

Венец со цвеќе положила и делегација од Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Министерот Мисајловски упати честитка, во која посочува дека денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја повеле борбата за слобода, правда и достоинствен живот.

Реклама

– Нивната решителност за создавање независна и слободна држава останува наша трајна и нè обврзува сите нас да се заложиме во изградбата на посилна, посигурна и просперитетна Македонија. Да ја чуваме нашата Македонија. Да ги негуваме слободата, демократијата и заедништвото. Да продолжиме заедно кон визијата за современа, безбедна и просперитетна Македонија!, вели Мисајловски во честитката.